Достапни линкови

Македонија 55 според индексот на економски слободи во 2011


Македонија се најде на 55 место во светотот според индексот на економски слободи за 2011 година, кој го изработува Волстрит Журнал и Фондацијата Херитиџ. Македонија сега се наоѓа во групата на умерено економски слободни земји. Рангирањето на 179 земји се прави врз основа на 10 критериуми. Македонија има најмногу поени за трговските слободи, државното трошење и деловна слобода, а најслабо рангирана е за право на сопственост и степен на корупција во земјата. Најголема економска слобода има во Хонгконг, Сингапур и Австралија, а најмала во Северна Кореја, Зимбабве и Куба.
XS
SM
MD
LG