Достапни линкови

Бајден-милитантите претставуваат закана и за Пакистан


Џо Бајден и Јусуф Раза Џилани

Џо Бајден и Јусуф Раза Џилани

Американскиот потпретседател Џо Бајден по средбата со пакистанскиот премиер Јусуф Раза Џилани изјави дека милитантите претставуваат закана за безбедноста на земјата. Според Бајден има луѓе кои веруваат дека поради војната на САД со Ал Каеда и се наметнала и војна на Пакистан, но насилните екстремисти претставуваат закана за целиот свет.
Бајден се очекува да разговара и со шефот на војската генералот Ашфак Каиани за покренување на операција во северен Вазиристан, кој се смета за засолниште на Талибанците и припадниците на Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG