Достапни линкови

Наумовски-нема сигнали од Атина за решение за името


Васко Наумовски

Васко Наумовски

Заменик премиерот задолжен за европски прашања Васко Наумовски во пресрет на средбата во Њујорк за спорот со името изјави дека доколку кај Атина постои желба да се најде решение, тоа ќе биде пронајдено, но тие во моментов немаат сигнали дека има добра волја од Грција за такво нешто.
Според Наумовски владата се труди да пронајде компромис без да биде загрозен националниот интерес на Македонија и доколку тие добијат предлог кој е прифатлив тој ќе биде ставен на референдум за граѓаните да го кажат последниот збор.
На 9 февруари посредникот за името Метју Нимиц во Њујорк ќе се сретне со македонскиот и грчкиот претставник Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис.
XS
SM
MD
LG