Достапни линкови

Решение за името со помош на трети земји?


Евроамбасадорот Ерван Фуере, пратеникот Зоран Петрески и амбасадорот на Унгарија Ференц Кекеши
Евроамбасадорот Ерван Фуере, пратеникот Зоран Петрески и амбасадорот на Унгарија Ференц Кекеши

По понудата, Унгарија да помогне во олеснувањето на спорот за името, експертите го поздравуваат интересот, но се скептични во однос на резултатот.

Понудата Унгарија да помогне во олеснувањето на спорот за името меѓу Скопје и Атина е добронамерна, но прашањето што се поставува е колку „трети“ стани навистина можат да помогнат во изнаоѓање на решение со кое ќе се одблокираат евроатланските интеграции на земјата, велат експертите.

Унгарскито амабасадор во земјава Ференц Кекеши при преставувањето на приоритетите на неговата земја за
Во наш интерес е да се изнајде решение за овој долгогодишен спор што побрзо.
претседателствувањето со Унијата, изјави дека Унгарија е подготвена да помогне во преговорите и активно да се вклучи ако тоа е побарано од сите страни. Од Македонското МНР велат дека стојат зад изјавата на вицепремеиорт за евроинтеграции Васко Наумовски и нема што да додадат за понудата Унгарија да биде посредувач. Наумовски вели дека Унгарија ќе има тешка задача за да ја убеди Грција да не го попречува проширувањето.

„Во наш интерес е да се изнајде решение за овој долгогодишен спор, што побрзо. Истовремено, настојуваме да имаме што е можно повеќе контакти и продлабочена соработка со република Грција во сите области од заеднички интерес“, рече вицепремиерот Наумовски.

До решение со помош на трети земји? Премиерите Папандреу и Груевски

Македонската страна се надева дека во текот на унгарското претседателство и наредното полско претседателство, Македонија ќе биде споменета и дека би можела да добие датум за преговори.
Меѓу првите олеснувачи кој беше многу амбициозен во 1993 година, отиде во Атина и кога се врати сфати дека проблемите не се во Скопје туку и во Атина. Добро е што Унгарците покажуваат интерес, но мислам дека ќе се изгорат во Атина и ќе сфатат дека решението за сега не е можно.

Аналитичарот Алберт Муслиу вели дека оптимизмот е за поздравување, но кога се даваат такви оптимистички изјави не се зема предвид прашањето за името, кој е главен блокатор за влезот во ЕУ.

„Како страна која мисли дека е оштетена го игнорираат тоа прашање и се префрлаат на други прашања кои во моментот не се тие кои го блокираат целиот процес.“

Поранешниот амбасадор Ристо Никовски вели дека не е лоша идејата „трети“ земји да бидат олеснувачи на спорот за името, но изгледите тие да помогнат не се големи.

„Меѓу првите олеснувачи кој беше многу амбициозен во 1993 година, отиде во Атина и кога се врати сфати дека проблемите не се во Скопје туку и во Атина. Добро е што Унгарците покажуваат интерес, но мислам дека ќе се изгорат во Атина и ќе сфатат дека решението за сега не е можно.“

Решението на спорто за името и годинава останува приоритет, така вели државниот врв, а се согласуваат и дел од граѓаните кои гласаат на анкетата на нашата интернет страница.

Не е првпат од различни страни да доаѓаат понуди за олеснување на преговорите меѓу Македониај и Грција. По серија понуди за посредувачи, минатата година, министерот за надворешни работи, ја даде својата легендарна изјава „многу бабици-килаво дете“.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG