Достапни линкови

Извештај за авионската несреќа во која загина Качински


Рускиот истражувачки тим за причините за авионската несреќа во која загина полскиот претседател Лех Качински и 95 патници и членови на екипажот денеска им го предадоа извештајот на претставници на Полска. Шефот на тимот Татјана Анодина изјави дека полски официјални лица кои биле во пилотската кабина извршиле притисок врз екипажот да слета во Смоленск и покрај предупредувањата дека таму видливоста била намалена. Анодина додаде дека во крвта на командантот на полските воздухопловни сили бил пронајден алкохол.
XS
SM
MD
LG