Достапни линкови

logo-print

Над 60 насто гласале на референдумот во јужен Судан


На референдумот во јужен Судан за негово отцепување од другиот дел на земјата излегле повеќе од 60 проценти од граѓаните со право на глас. Тоа всушност е најниската граница за да може референдумот да биде валиден. Се очекува југот на Судан кој е богат со нафта да реши да се оддели од северниот дел на земјата. Овие два дела водеа 20 годишна граѓанска војна во која загинаа околу два милиона луѓе. Војната беше завршена во 2005 година со мировна спогодба. Во суданскиот регион Дарфур во 2003 година дојде до конфликти во кои загинаа над 300 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG