Достапни линкови

Германија: најголем стопански раст од обединувањето


Во Германија во минатата година е забележан најголем пораст на бруто општествениот производ од обединувањето на двете германски држави во 1990 година. Сојузниот завод за статистика денеска соопшти дека стопанскиот раст лани изнесувал 3,6 насто и оти во тоа најмногу придонесол извозот на германски производи кој пораснал за над 14 проценти. Експертите очекуваат Германија да го продолжи поволниот стопански пораст и во оваа година.
XS
SM
MD
LG