Достапни линкови

Отфрлени предлог-измените на Изборниот законик


Собранието на Република Македонија вчера со мнозинство гласови не ги прифати предлог-измените на Изборниот законик поднесени од пратеници од опозицијата. Со измените се предлагаше зголемување на бројот на пратеници, односно да им се овозможи на припадниците на помалите заедници- турската, српската, ромската, бошњачката и влашката, самостојно да настапуваат на избори и на тој начин да бидат рамноправно застапени. Во Предлог-законот поблиску се определуваа и условите под кои се поднесуваат овие листи, како и нивната форма и начинот на гласање. Се предлагаше и модифицирање на изгледот на гласачкото ливче, кое би содржело два дела, и тоа листи со по 20 кандидати и во вториот дел, листи со по 10 кандидати. Избирачите би гласале само за еден кандидат од двете понудени листи, заокружувајќи го бројот односно буквата пред избраниот кандидат.
XS
SM
MD
LG