Достапни линкови

Власта бара „полабаво“ за дивоградбите


Власта бара геодетските и проектантските фирми да ја намалат цената за граѓаните поефтино да ги извадат документите неопходни за легализација на дивоградбите. Опозицијата реагира дека предложениот закон за легализација на дивоградби ги дискриминира тие што го почитувале законот. Незадоволна е и експертската јавност.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески вели оти ќе побара од геодетските и проектантски бироа да ги намалат цените за да може граѓаните поефтино да ги извадат документите неопходни за легализација на дивоградбите, според предложениот закон.

„Во самиот правилник што ќе се однесува на самата легализација на дивоизградените објекти, кој правилник нема да ги исполнува оние стандарди што ги знаеме сега, бидејќи најголем дел од објектите нема да може да бидат изградени по нормалните стандарди за градење и планирање. Во тој ќе ги ставиме цените што ќе може да бидат максимални цени на проектантските куќи што ќе прават проект за изведена состојба и јас се надевам дека ќе успееме, со овие два чекори, цената што треба да ја платат граѓаните за документите да биде прикладна и да може да ја платат од сопствениот буџет.“

Миле Јанакиески 1
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:14 0:00


Според предложеното решение, за да се легализираат дивоградбите, сопствениците, меѓу другото, ќе треба да приложат геодетски елаборат за премер на катастарска или градежна парцела и бесправна градба, која содржи скица на премерување на парцелата и скица на премерување на внатрешната површина на куќата. Сопственикот треба да донесе и проект за фактичка состојба на бесправната градба изработен од правно лице со соодветна лиценца за проектирање, како и имотен лист за земјиштето.
Цените за изработка на проект за фактичка состојба сега се движат од 5 до 10 евра по метар квадратен, што значи дека за куќа од 100 метри квадратни треба да се платат 500 до 1000 евра само за проектот.
Геодетскиот елаборат, пак, со сите елементи чини од 300 до 400 евра.
Владата донесе одлука, за легализација на дивоградбите да се плаќа по 1 евро за квадратен метар, наместо по половина процент од вкупните годишни приходи на сите што живеат во куќата што треба да се легализира, како што предвиде во првичната верзија на нацрт-законот.
Министерот Јанакиески вели дека со предложениот закон конечно ќе се реши деценискиот проблем со дивоградбите. Тој вели дека цената е зашто најголем дел од дивоградбите им припаѓаат на социјални случаи или на сиромашни граѓани.

Од друга страна, опозицијата и стручната јавност остро реагираат на предложеното решение. Градоначалникот на општина Карпош Стевче Јакимовски вели дека овој предлог ги дискриминира тие што го почитувале законот.

„Не може тој што го прекршувал законот да биде готово целосно амнестиран, а да биде казнет оној кој што го почитувал законот. Замислете, премиерот да донесе закон, да предложи закон, со кој што сите што се наоѓаат во Идризово ќе лежат по една година и слободни се, без разлика на кривичното дело што го направиле. Со ова се казнуваат тие што го почитувале законот.“

Стевче Јакимовски
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:09 0:00


Реагира и Ацоцијацијата на архитекти на Македонија. Преку отворено писмо до Владата и до Собранието, архитектите бараат повлекување на предлог-законот.
Потребно е изготвување на ново, поинакво, поквалитетно законско решение како дел од стратегијата за интегрално разрешување на појавата на бесправната градба во Република Македонија, стои во писмото од ААМ.
Тие сметаат дека овој закон е во спротивност со други важечки закони во земјава.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG