Достапни линкови

Курдите се судрија со полицијата во Турција


Протести на Курдите во Истанбул

Протести на Курдите во Истанбул

Илјадници курдски демонстранти денеска се судрија со полицијата во југоисточна Турција во градот Цизре во близина на ирачката граница. Тие протестираат против судењето на 150 Курди, меѓу кои има и некои градоначалници, кои се обвинети дека се поврзани со курдските бунтовници. Полицијата морала да употреби и димни бомби да ги смири демонстрантите.
Тензите потекнуваат од несогласувањата меѓу Прокурдската политичка партија и владата околу автономијата на тој регион и признавање на јазикот на Курдите за официјална употреба.
XS
SM
MD
LG