Достапни линкови

Отповикан египетскиот амбасадор во Ватикан


Папата Бенедикт 16

Папата Бенедикт 16

Египетските власти денеска го отповикаа својот амбасадор во Ватикан на консултации по барањето на папата Бенедикт 16 владите да ги заштитат христијанските малцинства во муслиманските земји. Папата по неодамнешните напади на христијански цркви во кои загинаа десетици луѓе ги повика Египет, Нигерија и Ирак да воведат мерки за безбедност на религиските малцинства.
Тој побара и Палестина да го промени законот со кој луѓето кои го навредуваат исламот се осудени на смртна казна, бидејќи се користи како изговор за насилство врз немуслиманите.
XS
SM
MD
LG