Достапни линкови

Милинкевич бара ЕУ да забрани визи на владините лица


Александар Милинкевич на протестите

Александар Милинкевич на протестите

Еден од белоруските опозициски лидери Александар Милинкевич бара од ЕУ повторно да ја активира забраната за визи на претседателот Александар Лукашенко и други официјални лица, поради случувањата на протестите по претседателските избори.
Но Милинкевич кој е и поранешен претседателски кандаидат побара обичните граѓани да можат полесно да патуваат во земјите-членки на унијата.
Тој изјавата за Радио Слободна Европа ја даде во Брисел каде што утре треба да се сретне со специјален комитет на Европскиот Парламент со кој ќе разговара за состојбата во Белорусија.
XS
SM
MD
LG