Достапни линкови

Основачот на Викиликс се појави пред судот во Лондон


Џулијан Асанж

Џулијан Асанж

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж денеска се појави пред судот во Лондон за да се бори против неговата екстрадација во Шведска, каде е обвинет за сексуална злоупотреба на две жени. Неговиот адвокат соопшти дека би бил голем ризик тој да биде екстрадиран за Шведска, бидејќи од таму може да биде испратен за САД и да заврши во затворот Гвантанамо или дури да добие смртна казна.
Асанж и неговите поддржувачи велат дека тој е жртва затоа што објави тајни документи за американската дипломатија на својот веб сајт.
XS
SM
MD
LG