Достапни линкови

Доцнат парите за загадување од РЕК Битола


 РЕК Битола
РЕК Битола

2010 година помина, но пелагониските општини не добија од парите што државата требаше да им ги исплати лани како отшета за загадувањето од РЕК „Битола“.

Се работи за 33 милиони денари кои Битола, Новаци и Могила ги добиваат наменски за реализација на еколошки проекти. Овие средства со одлука на Влада ги издвојува ЕЛЕМ во износ од 0,007 денари од произведен и продаден киловат-час електрична енергија. По оваа основа битолската општина требаше да добие 16 , Новаци 4,3 и Могила 3,4 милиони денари. Општините ги отпочнаа прокетите со средства од својите буџети, кои пари подоцна ќе треба да се надополнат.
До овој момент тие средства не се префрлени, иако колку што сум информиран се оделуваат во буџетот на Република
Македонија.

„До овој момент тие средства не се префрлени, иако колку што сум информиран се оделуваат во буџетот на Република Македонија. Во секој случај проектите во предвидената вредност ги работиме. Значи три прокети во вкупна вредност од 16 милиони денари за атмосферска и фекална канализација. Доколку тие средства не стигнат ќе ги бараме со годинешниот буџет од Владата да се префрлат на општините“, вели битолскиот градоначалник Владимир Талески.

Битолскиот градоначалник Владимир Талески

​Во слична ситуација е и општина Новаци на чија територија е и загадувачот РЕК. Градоначалникот Лазар Котевски вели:

„Ние ги имаме предвидено тие пари во буџетот, имаме распишано и тендери за реализација на проектите, па се надеваме дека ќе дојдат бидејќи тие средства ги предвидовме и во проекциите на буџетот за 2010 и 2011 година.“

​Доколку се продолжи со парактиката да се исплаќа отштета, Котевски најави дека ќе побара и измена на формулата за распределба на средствата, по што најголемиот дел од нив би завршувале во Новаци, општина која трпи најмногу штета зашто е најблиска до РЕК.

​Од ЕЛЕМ велат дека одредениот износ го издвојуваат секој месец и редовно го префрлуваат на буџетска сметка. Од општините не знаат зошто точно доцнат средствата, но објаснуваат дека процедурата на исплата е подолга и посложена, па минува низ три надлежни министерства за животна средина, локална самоуправа и финансии. ​
XS
SM
MD
LG