Достапни линкови

Чешка издаде потерница за член на катарското кралско семејство


Чешките официјални лица издадоа меѓународна потерница за Хамid Бин Абдал Сани кој е член на кралското семјество од Катар за сексуална злоупотреба на малолетнички. Ал Сани кој во Чешка живее 10 години во мај 2005 година беше осуден на 2 години затвор под истото обвинение. Но тој беше екстрадиран во Катар, бидејќи тие ги убедија чешките власти дека ќе му се суди во неговата земја. Чешките власти повторно го отворија случајот, откако Катар во 2009 година не успеа да осуди.
XS
SM
MD
LG