Достапни линкови

Граѓаните на Данска може да го тужат премиерот


Врховниот суд на Данска денеска им одобри на група од 35 граѓани да поднесат тужба против премиерот на земјата Ларс Локе Расмусен, поради тоа што бил усвоен Лисабонскиот договор, без претходно да се изјаснат граѓаните на референдум, соопштуваат тамошните медиуми. Тужбата на истата група беше одбиена во октомври во 2009 година, бидејќи тие немале правен интерес од случајот. Претставникот на групата пејачот Нилс Хаусгард изјави дека одлуката е разумна и би било страшно ако не го добиеле случајот, бидејќи би се керирало мислење дека судот е исполитизиран.
XS
SM
MD
LG