Достапни линкови

Датум за преговори?


Унгарскиот премиер Виктор Орбан, датум за време на унгарското претседателство со ЕУ за Македонија?
Унгарскиот премиер Виктор Орбан, датум за време на унгарското претседателство со ЕУ за Македонија?

Од МНР оптимистички изјави за можноста за датум за преговори во текот на унгарското претседавање со ЕУ.

Македонија се надева дека на датум за отпочнување преговори за време на унгарското претседавање со Европската унија. Од македонското Министерство за надворешни работи стигнуваат оптимистички изјави, кои ги темелат на фактот дека еден од приоритетите на Унгарија ќе биде проширување на Унијата.

„Еден од приоритетите за време на унгарското претседателство е проширувањето на Унијата и ние полагаме искрени надежи дека во текот на унгарското претседателство и наредното полско претседателство Македонија ќе биде споменета и се надеваме дека би можела да добие датум за преговори.“, изјави Борче Стамов од МНР.

Аналитичарите, пак, се попретпазливи. Здравко Савески од Факултетот за општествени науки вели дека земјава не треба да се надева на датум, само затоа што во следните шест месеци Унијата ќе ја предводи пријателска Унгарија. Најважно е, вели Савески, прво да ги завршиме домашните задачи што Брисел од нас ги бара.

„Ако ние си ја завршиме домашната работа како што треба и ги исполниме она што се демократски стандарди тогаш си ги зголемуваме шансите за нашите евроинтеграции без разлика кој е претседател во моментот со ЕУ.“'

Промената на земјата која претседава со Унијата не може да смени многу во однос на проширувањето со земјите кандидати, пред се поради фактото што во таа организација одлуките се донесуваат со консензус, а не со мнозинско гласање, вели аналитичарот Артан Садику.

„Ако Македонија изгради добри односи со Унгарија може да се надева на поинтензивно присуство на прашањето за Македонија на агендата на настани во ЕУ, но сметам дека неможе да се очекува некоја драстична промена на односите со ЕУ.“

Според упатените земјава има доста области на кои треба да се посвети. Реформите во судството, јавната аминистрација, борбата против корупцијата, се областите на кои треба да се фокусираме следниот период. На тој начин велат експертите, ќе се зголеми нивото на демократија и квалитет на живот во Република Македонија.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG