Достапни линкови

logo-print

Нема консензус за изборниот законик


Пратеничката група на СДСМ со барање поддршка од другите пратенички групи, пред се од власта, за нивната иницијатива дека е потребно да се измени изборниот законик.

Главната нивна новина се загарантираните мандати за помалите етнички заедници. Се очекува тука да се кршат копјата. Ова е предог на социјал-демократите кој почива на претходни решенија кои беа понудени од ВМРО-ДПМНЕ во 2007 година, но и забелешките кои ги даваше ДУИ.

„Власта очигледно тактизира, иако пред Нова година, министерот Маневски најавуваше дека ќе биде доставен предлог кој ќе биде прифатен со консензус во периодот кој претстои“, изјави Владо Бучковски.

До предлогот доаѓа на 12 месеци пред отпочнување на официјалнитот дел од кампањата кога изборите би биле редовни, а интенцијата на СДСМ е да се предизвикаат предвремени избори што според нив треба да наметнат потреба на време да се подготват измените. Предлогот да има десет загарантирани места е предлог на ВМРО-ДПМНЕ кој оваа партија продолжува да го поддржува. Но изборните правила не се наметнуваат туку се договараат и мора да постои минимум консензус помеѓу сите чинители, изјави Зоран Петрески од ВМРО-ДПМНЕ.

Министерот за правда Михајло Маневски

„Во овој момент за жал се уште немаме консензус по ова прашање. Ние и понатаму ќе продолжиме да ги убедуваме и коалициските партнери и другите партии да го прифатат предлогот.“

Предлогот од социјалдемократите за ДУИ е неприфатлив. Рафиз Алити изјави дека се предлага 10-те гарантирани места за помалите етнички заедници да немаат право да гласаат со бадинтерово мнозинство, а тие имаат спротивен став дека тие 10 места за помалите заедници треба да го имаат тоа право.

„Ние мислиме дека тие се бираат од граѓаните, а тие според некоја логика треба да ги застапуваат нивните интереси.“

Неодамна и министерот за правада Михајло Маневски информираше до каде се околу преземените активности за донесување на изборниот законик, откако во 2009 година беше формирана комисија во која учествува претставници и од невладини организации и експерти кои го подготвија работниот текст кој беше ставен на јавен увид.

Кон крајот на минатата година, на прашање дали ќе бидат вклучени во тој текст гарантираните места за помалите заедници, Маневски изјави дека тоа останува отворено прашање за натамошно усогласување. Инаку работниот текст кој го подготви минстерството е доствен до сите политички партии. Мислење до сега доставиле две политички пратии, а во Министерството очекуваат да се добијат поголем број мислења.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG