Достапни линкови

Македонија затворена за авио-сообраќај


Охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“,од синоќа е затворен за сообраќај, откако градот го зафати магла а видливоста е намалена на 100 метри. Охридскиот аеродром два дена беше алтернатива на скопскиот аеродром што неколку дена е затворен за сообраќај од истата причина.
Маглата во Охридската котлина не е честа појава така што може условите и видливоста да се нормализираат наскоро, но засега охридскиот аеродром исто како и оној во Скопје, останува затворен за сообраќај.
XS
SM
MD
LG