Достапни линкови

logo-print

Нови поплави во Австралија


Поплавена улица во Австралија

Поплавена улица во Австралија

Расте бројот на загинати и исчезнати по поплавите во австралискиот град Тувумба. Досега загинаа 8 луѓе, а 72 се водат за исчезнати, соопштува тамошната полиција. Меѓу загинатите најмалку 2 се деца. Властите предупредуваат дека воден ѕид од 8 метри се движи кон градовите кои се пониско од Тувумба и ги повикаа граѓаните да ги напуштат своите домови. Силните дождови кои ја зафатија Австралија кон крајот на ноември предизвикаа едни од најголеми поплави во историјата на земјата.
XS
SM
MD
LG