Достапни линкови

Обама и Саркози заедно против економските турбуленции


Барак Обама и Никола Саркози

Барак Обама и Никола Саркози

Американскиот претседател Барак Обама и неговиот француски колега Никола Саркози ветија дека заедно ќе работат на економското заздравување по светската финансиска криза. Обама по состанокот со Саркози изјави дека се уште има многу невработени, многу компании кои и понатаму имаат пробелеми и се уште има несразмерност во светската економија која се заканува да го загрози економскиот раст. Франција во моментот преседава со групата на осум најразвиени индустиски сили во светот, но и со Г-20 во која освен најбогатите влегуваат и земјите во развој. Саркози се обидува да пронајде начин да
се увери во промените кои ќе му овозможат на глобалниот монетарен систем да не се потпира премногу на доларот. Саркози изјави дека заедно со САД ќе соработува на економски план и тоа по прашањето на валутата, цените на стоката за широка потрошувачка и другите економски проблеми. Обама и Саркози разговарале и за војната во Авганистан, блискоисточниот мир и санкциите кон Иран.
XS
SM
MD
LG