Достапни линкови

Тунис-Претседателот вети 300 илјади нови вработувања


Протести во Тунис

Протести во Тунис

Претседателот на Тунис Зин Абидин Бен Али вети отварање на 300 илјади нови работни места до 2012-та. Ветувањето уследи по незапаметените протести кои за време на викендот се одржаа на повеќе места во земјата. Луѓето протестираа поради екстремно високата стапка на невработеност. За време на протестите загинаа најмалку 14 луѓе. Претседателот ги осуди „агресивните елементи финансирани од странство“ кои својата душа ја продале на екстремизмот и тероризмот и кои ги манипулираат граѓаните и не и посакуваат добро на својата земја.
XS
SM
MD
LG