Достапни линкови

Нетенјаху на Фејсбук објави колкава му е платата


Израелскиот премиер Бенјамин Нетенјаху на Фејсбук ги објави податоците за висината на својата плата. На ваков чекор се одлучил за да биде транспарентен. Според објавените податоци Нетенјаху има бруто плата од 9.554 евра (43.952 шекела), или откако ќе му се одбијат сите давачки, тој зема плата од 3.266 евра. Нетенјаху на користење има и државна резиденција и автомобил. Просечната плата во Израел е речиси 5 пати помала од платата на премиерот. По објавувањето на податоците на Фејсбук, некои од луѓето биле „загрижени“ што премиерот зема мала плата, а некој прашал и дали има попаметна работа да прави?!.
XS
SM
MD
LG