Достапни линкови

Минатата година, јавното претпријатие „Водовод“ од Битола ја заврши со добивка од 30 милиони денари, со што фирмата застана на здрави нозе во однос на претходниот период кога бележеше загуби. Добивката е резултат и на повисоката цена на водата што битолчани ја плаќаа лани, а средства беа искористени за подобрување на водоводните инсталации. Сепак, на претпријатието му престојат уште големи инвестиции, пред се во осовременувањето на водоводната мрежа која е стара седум децении и се уште во добар дел содржи азбестни цевки.

​„Пак ќе кажам дека азбестни цевки има доста во водоводниот систем. Не можеме сите да ги извадиме одеднаш, полека ги менуваме во зависност од преиоритетите што ги имаме и средствата. Многу ни е важно да интервенираме каде што има поцинкована цефка, каде што нема доволно количина на вода, отколку да интервенираме таму каде има азбестна цевка, а има доволно вода“, вели директорот Зоран Илиоски.
Кражби на вода има иако се обидуваме да ги санкционираме. Имаме екипи кои се редовно на терен, меѓутоа за жал се уште постојат такви појави.

​Во следниот период Водовод ќе подигне кредит од КФН баката во износ од 1,7 милиони денари, како и помош од Владата со што планира да постави нови водомери, да го надгради скала ситемот и да го среди водоснабдувањето во наслебата Баир каде се јавуваат и кражби на вода.

„Кражби на вода има иако се обидуваме да ги санкционираме. Имаме екипи кои се редовно на терен, меѓутоа за жал се уште постојат такви појави. Во последните два три месеци имаше десетина такви случаи. Копаат и навечер се приклучуваат. Проблемите ги имаме на Баирот. Цевка оди преку сртот односно по горниот дел на Баирот и се спушта надолу, неа ја имаат направено решето. Затоа сакаме таа населба да ја средиме, да ја исклучиме таа цевка и да пуштиме вода од долу на горе, да оди вертикално и да можеме да контролираме“, додава Илиоски.

​Инаку, претпријатието е задоволно од наплатата на водата од редовните потрошувачи, која достигнува до 85 проценти. Околу десет проценти тешко се наплаќаат заради социјалната категорија на граѓани и секоја година се отпишува дел од овој долг.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG