Достапни линкови

Димовски незадоволен од откупувачите на тутун


Тутунопроизводители

Тутунопроизводители

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски изјави дека не е задоволен од текот на откупот на тутунот и најави ригорозни инспекциски контроли. Димовски денеска ги посети пунктовите во општина Долнени и оцени дека фирмите не се придржуваат кон реална проценка на квалитетот. Според Димовски проблемот е во ригорозното ценење на откупувачите по класи.
Стотина незадоволни тутунопроизводители денеска го блокираа магистралниот пат Велес-Штип и соопштија дека ќе протестираат се додека не добијат откупна цена не пониска од 172 денари по килограм тутун.
XS
SM
MD
LG