Достапни линкови

Македонија со дополнителни војници во Авганистан и БИХ


Свеченост по повод испраќање на војници во Авганистан

Свеченост по повод испраќање на војници во Авганистан

Македонското собрание едногласно донесе одлука да бидат испратени дополнителни војници во мировната мисиии во Авганистан и во БИХ.
Пешадиска чета од 150 припадници на АРМ ќе биде испратена за обезбедување на Командата на ИСАФ во Кабул, два штабни офицера за работа во командите на организацијата, а пет војници ќе бидат дел од Оперативно-менторскиот тим и Тим за подршка на третата бригада од 209 корпус на Авганистанската национална армија. На Норвешкиот провинциски тим ќе им се придружи медицински хируршки тим составен од шест членови на АРМ.
Медицински тим од десет луѓе на АРМ ќе биде испратен и во мисијата АЛТЕА во БИХ, а еден офицер и еден подофицер за превентивна медицина ќе работата во командата на ЕУФОР.
XS
SM
MD
LG