Достапни линкови

logo-print

Повеќе теми го привлекоа внманието на читателите и отворија Интернет дебата.

Поминаа најважните зимски празници, си изначеститавме и си посакавме подобра година, со повеќе спокојни денови. Арно ама, и новава година си продолжува по старо: истите проблеми, несогласувања и закачки.

И нашите слушатели никако не можат да се согласат околу листата на Радио Слободна Европа за гаф на годината. Па си „отвориле дијалог“ дали новинарот на радиото е виновен за изброт и дали е тоа негов избор. Игор од Свети Николе реагира зошто во гафовите е сместена и изјавата на американскиот генерал Мекристал, командантот на НАТО-единиците во Авганистан, кој критикуваше членови на американската администрација. Игор смета дека тоа е непрофесионално, но нему му одговара Виктор кој пишува: „Што ти е крив Накев(тоа е новинарот кој го подготви текстот). Листата на гафовите е според Радио Слободна Европа и ако радиото така мисли не значи дека и цел свет така мисли“.


Тутунопроизводителите со своите протести влегоа и во оваа година, а проблемите во нашето земјоделство предизвикало прилично многу наши слушатели да го искажат својот став за актуелната политика на Владата во таа област. Марјан пишува: „Тутунари, лозари, млекари и останати Македонци, не очекувајте повеќе од оваа влада, таа е на заминување и сега е удрена на крадење, а сега само ќе не дозаглават со земање кредити за да има привиден мир“. Овој, продолжува Марјан, „ќе замине нечујно како Санадер, само тој остави патишта, а нашиов(во наводници) - споменици и сиромаштија“. Димитар потсетува дека народот си го барал Груевски, кому, како што пишува, песни му пееја. „Епа, бујрум“, вели Димитар.

Нашиот текст „Без решение за името - тензии“, исто така предизвикал меѓусебна размена на мислења кај слушателите на Радио Слободна Европа на македонски јазик. Миле од Скопје му одговара на Владо кој смета дека текстот ги одразува желбите на новинарката и дека ги предвидува случувањата со таканаречените аналитичари, како што смета. „Оваа влада, а не новинарката работи за странски интереси“, коментира Миле од Скопје, кој смета дека Владата е просрпска на чело со Мијалкови и дека нив не им е гајле за името. „Пола народ избега од земјата додека тие се богатат“, коментира нашиот слушател, па продолжува: „Ако се реши името со компромис и земјата влезе во НАТО, никој веќе нема ништо да им може на Македонците. А вака, Мијалкови ќе прават што сакаат“, завршува Миле од Скопје.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG