Достапни линкови

Годинава решение за името?


Ќе има ли напредок во февруари? Медијаторот Метју Нимиц

Ќе има ли напредок во февруари? Медијаторот Метју Нимиц

Домашната експертска јавност различно ги толкува изјавите на државениот врв за очекувањата од македонско-грчкиот дијалог во текот на оваа година. Неодамнешната изјава на премиерот Никола Груевски дека од другата страна ќе зависи дали ќе има суштински разговори за името, за некои од аналитичарите е знак дека и годинава ќе помине без некаков напредок или евентуално решение на проблемот со името.
Мислам дека ќе има меѓународен притисок пред се од САД и ЕУ, а второ очекувам и внатрешен притисок од страна на албанскиот
блок.

Професор Алајдин Демири вели дека македонската страна е незаинтересирана да го реши спорот. Ваквото тврдоглаво однесување, треба што побрзо да се отфрли, сугерира Демири.

„Овој пристап годинава имам чувство дека ќе се отфрли, прво мислам дека ќе има меѓународен притисок пред се од САД и ЕУ, а второ очекувам и внатрешен притисок од страна на албанскиот блок.“

За аналитичарот Слободан Чашуле пак, изјавите на владиниот врв влеваат доза на оптимизам. Тој вели дека Македонија е подготвена за компромис кој се разбира, нема да предизвика промена на Уставот и повреда на идентитетот.
Архива: Посредникот на ОН Метју Нимиц со претседателот Ѓорге Иванов и македонскиот преговарач Зоран Јолевски

„На меѓународната заедница, Грција со своето ирационално однесување и станува тешка и заморна. Дотолку повеќе што во самата владеачка партија има гласови кои не се согласуваат со оваа ретроградна и конзервативна позиција на Грција во однос на Македонија.“

Она што остава негативен впечаток во целата процедура е внатрешната разединетост околу ова прашање, посочува Чашуле.

„Заради внатрешното несогласување, заради латентната вербална граѓанска војна меѓу две политички движења кои ако им ги читате програмите по националните
На меѓународната заедница, Грција со своето ирационално однесување и станува тешка и заморна.
прашања не се разликуваат, меѓутоа меѓу себе водат страшна и штетна за државата војна околу стратешките прашања, ние сме ставени во ситуација да испраќаме постојано сигнали на слабост, на отсуство на договор.“

Најавената февруарска средба на медијаторот Метју Нимиц со преговарачите Јолевски и Василакис, според аналитичарите, нема да донесе ништо ново. Очекуваат рутинска средба, која нема да понуди нешто што досега не е слушнато.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG