Достапни линкови

Сервер: Пан-албанското обединување е погубна идеја


Даниел Сервер

Даниел Сервер

Даниел Сервер од Центарот за трансатлантски студии во Вашингтон за Радио Слободна Европа изјави дека извештајот на Дик Марти му нанесол штета на Хашим Тачи и на Косово и дека иницијативата за пан-албанско обединување на Балканот е „неприфатлива, ужасна идеја“.

„Сметам, меѓутоа, дека изборниот процес кој се уште е во тек на Косово е многу важен, затоа што е од витално значење да им препуштиме на граѓаните на Косово со своите гласови да одлучат дали Тачи или некој друг ќе продолжи да го претставува Косово“, изјави Север.

Говорејќи за идејата за пан-албанско обединување Сервер изјави дека „ставот за сеалбанско обединување е погубна идеја за сите во регионот - и за граѓаните на Косово, и за граѓаните на Србија и на Албанија и за другите соседи.
XS
SM
MD
LG