Достапни линкови

logo-print

Обама и Саркози за светскиот финансиски систем


Реформата на светските финансии е топ тема на разговорите кои францускиот Претседател Никола Саркози денеска во Вашингтон ќе ги има со американскиот Претседател Барак Обама.
Франција моментално е преседавач со Г – 8 и со Г – 20, организации на најмоќните и растечките економии во светот.
Саркози, според новинските агенци, ке побара светскиот финансиски систем да биде мултиполарен и да не зависи премногу од американскиот долар како главна валута за девизните резерви.
XS
SM
MD
LG