Достапни линкови

Обама го поздрави почетокот на референдумот за поделба на Судан


Aмериканскиот Претседател Барак Обама го поздрави, како што го нарече, „историскиот старт“ на референдумот во јужен Судан на кој се гласа за одвојување од северот на земјата.
Гласањето кое започна вчера ќе трае цела недела а е резултат на мировниот договор од 2005 со кој заврши децениската граѓанска војна меѓу главно муслиманското население и христијанскиот југ.
Во тој конфликт во оваа најголема африканска земја загинаа 2 милона а беа раселени 4 милона луѓе претежно од југот на Судан.
XS
SM
MD
LG