Достапни линкови

Клинтон упати критики за Израел


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон упати критики кон израелските власти поради рушењето на стар хотел во источен Ерусалим со цел изградба на нови домови за Евреите. Палестинците се надеваат дека источен Ерусалим ќе биде главен град на независната држава која сакаат да ја формираат. Рушењето на стариот објект, според секретарот Клинтон, претставува вознемирувачки настан кој го потценува напредокот во мировните преговори меѓу Израелците и Палестинците.
XS
SM
MD
LG