Достапни линкови

Дипломатско ре-позиционирање?


Се менува ли дипломатската стратегија?

Се менува ли дипломатската стратегија?

Дел од поранешните министри за надворешни работи на Македонија велат дека државата дипломатски се репозиционира.

Во 20-годишната македонска независност постоеа три фази на дпломатската активност: меѓународно признавање, решавање на отворените прашања со соседите, соработката со САД во 1992 година и нивното инсталирање во регионот и Македонија.

Иако, од самостојноста до денес, стратешка цел на сите владејачки гарнитури се евроатланските интеграции, дел од поранешните министри за надворешни работи анализираат знаци за алтернативно меѓународно позиционирање.

„Почнува да се развива дипломатска концепција дека треба да разговараме со Сирија, Зимбабве, Казакстан, дека можеме да влеземе во некоја, да речеме, конфедерација со Бугарија, па така да влеземе во ЕУ и НАТО. Значи еден концепт, кој обмислу а друга дипломатска стратегија, прв пат“, вели поранешниот министер за надворешни работи Љубомир Фрчкоски.

Љубомир Фрчковски

Тој смета дека признавањето на Тајван, на тогаш двоецот Љубчо Георгиевски - Васил Тупурковски, е најголемата авнатура која државата многу ја чинеше.

„Воспоставувањето на дипломатски односи со Тајван беше авантура на владата на Љубчо Георгиевски од лукраривни цели. НР Кина ги раскина дипломатските односи со Македонија, а потоа Советот за безбедност на ОН ја повлече мисијата УНПРЕДЕП од Македонија. Ние ја добивме нашата доза конфликт, тој не стаса во 2001 година“, оцени Илинка Митрева, поранешен министер за надворешни работи.

Еден од творците на концептот-признавање на Тајван со компензација од милијарда долари инвестиции во Бунарџик, екс-шефот на дипломатијата Александар Димитров го прашавме која е најголемката дипломатска авантура што Македонија ја има направено во овие две децении независност?

„После година и пол од донесувањето на Уставот, Република Македонија, односно тогашното раководство во јануари 1993 година поднесе барање за прием во ОН. Тоа доцнење во барањето на меѓународно признавање предизвика доцнење во зачленувањето во ОН и ги отвори сите пандорини кутии врзани со проблемот за името и сите овие проблеми што ни се влечат“

Сепак, надворешната позиција на Македонија зависи од спорот со името.

Претседателите Ѓорѓе Иванов, Бранко Црвенковски, Киро Глигоров и премиерот Никола Груевски на инаугурацијата на Иванов

„Претседатлот Глигоров како член на ИК на ЦК на СКЈ рече дека не гледа иднина за македонскот народ надвор од братската заедница со српскиот народ. Човекот кој беше амбасадор кај Садам Хусеин, со акредитиви на Јосип Броз Тито, откако се расчисти со либерализмот, Стојан Андов ни стана прв пеетседател на македонското собрание. На луѓето кои јавно се сомневаа во самостојноста на македонската нација им доверивме да прават самостојна држава“, вели Слободан Чашуле, поранешен министер за надворешни работи.

Во отсуство на стратегија и внатрешен консензус, од неумешноста, незнаење или отсуство на инвентивност сами си ги наметнавме идентитетскте прашања, трвди
Денко Малески, поранешен министер за надворешни работи.

„Почнување со антиката потоа други бугарски, српски и уште какви ли не опции. Сега оваа игра ќе се одигра до своето финале, поставување на споменикот на Александар Велики, ќе произведеме меѓународен проблем и проблем со соседите.“
XS
SM
MD
LG