Достапни линкови

Докторите оптимисти за состојбата на американската конгресменка


Габриела Гифордс

Габриела Гифордс

Од болницата каде што е сместена американската конгресменка Габриела Гифордс соопштија дека таа се уште е под седативи по операцијата, но нејзиниот доктор изјави дека тие се оптимисти за нејзината состојба и закрепнување.
Четириесет годишната конгресменка од Демократската партија беше застрелана пред супермаркет во Аризона. Според американските медиуми, напаѓачот отворил оган врз масата насобрани луѓе и притоа шест лица загинаа, меѓу кои и едно деветгодишно девојче и федерален судија, а 13 луѓе беа повредени.
XS
SM
MD
LG