Достапни линкови

27 жртви на нарко картелите во Мексико


Еден од најбарани нарко босови во Мексико, Едуардо Теодоро Гарсија Симентал

Еден од најбарани нарко босови во Мексико, Едуардо Теодоро Гарсија Симентал

Во борбите меѓу нарко картелите во Мексико викендов загинале 27 луѓе. Вчера во познататото туристичко место Акапулко полицијата пронајде 15 обезглавени тела на мажи, на кои имало напишани пораки од еден од најмоќните нарко босови во земјата.
Полицијата соопшти дека и најамалку 12 луѓе биле убиени во насилството кое се случило исто така некаде во Акапулко. Повеќе од 30 илјади луѓе кои биле поврзани со нелегална трговија на дрога во Мексико го загубиле животот во последниве четири години.
XS
SM
MD
LG