Достапни линкови

Несогласувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за дивоградбите


Опозициската СДСМ ја обвини Владата дека процесот на легализација на дивоградбите е уште еден трик, бидејќи нема да се заврши за најавените шест месеци, а нема ни да ги чини граѓаните по 1 евро за квадрад. Градоначалникот на општина Карпош и член на опозицијата Стевче Јакимовски изјави дека администрацијата и геодетско -проектантските бироа неможат во толкав рок да одговорат на постапките за легализација. Со новото законско решение според СДСМ ќе се создаде хаос во градежништвото, што е во интерес на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО – ДПМНЕ пак велат дека обвинувањата на Јакимовски се неаргументирани и СДСМ неможе да напаѓа закон кој се уште не е во собраниска процедура. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски изјави дека со легализацијата на дивоградбите ќе им се помогне на 95 насто од граѓаните, кои имаат ниски примања, а ќе може да се легализираат и некои државни објекти што биле изградени во минатиот режим без градежна дозвола.
XS
SM
MD
LG