Достапни линкови

Двајца мртви при протести во Алжир


Две лица загинаа за време на протестите во Алжир, поради зголемувањето на цените на храна, соопшти алжирското министерство за внатрешни работи. Најмалку 300 полицајци и 100 демонстранти се повредени во последниве четири дена. Зголемувањето на цените на шеќерот, зејтинот и други основни прехрабени продукти ги натера жителите на земјата да излезат на протести. Алжир иако е еден од најголемите извезувачи на гас, поголемиот дел од населението живее во сиромаштија.
XS
SM
MD
LG