Достапни линкови

Уапсен лидерот на забранета партија во Азербеџан?


Лидерот на забранетата исламска „Партија од Азербеџан“ наводно е уапсен, поради неговите критики на забраната за носење шамии за прикривање на лицето во училиштата и по повиците за распуштање на владата. Потпаролот на партијата Акиф Хеџарли за Асошиејтед прес изјавил дека полицијата вчера го уапсила Мохсум Самедов и три членови на партијата, на кои им биле доделени затворски казни од 13 до 15 дена. Забраната за носење на шамија предизвика неколку протести во Баку и други градови низ земјата во минатата година.
XS
SM
MD
LG