Достапни линкови

Нарушени односите меѓу Турција и Израел


Властите од Израел побараа 800 турски работници да ја напуштат земјата, а причината е поради несогласувањето меѓу двете земји околу обновувањето на договорот за модернизација на турските тенкови. Тие ја информирале турската фирма Јилмазлар која гради две болници и други објекти во Израел дека работниците мора да си одат до крајот на месецов. Турција во минатата година го повлече својот амбасадор од Тел Авив по убиството на девет турски државјани на брод, кој превезуваше хуманитарна помош за појасот Газа.
XS
SM
MD
LG