Достапни линкови

Иранските власти потврдија дека уапсиле американка за шпионажа


Иранските власти ги потврдија извештаите на медиумите дека уапсиле една американска државјанка под обвинение за шпионажа, откако илеглано влегла во земјата преку границата со Азербеџан. Заменикот на шефот на граничната полиција Ахмад Гарвант изјави дека 34 годишната жена се вика Хал Талаџан и е обвинета дека била пратена од страна на американската разузнавачка служба. САД во четвртокот соопштија дека се обидуваат да дознаат детали за апсењето, но не потврдија дали жената е американски државјанин.
XS
SM
MD
LG