Достапни линкови

logo-print

ММФ и одобри заем на Романија


ММФ соопшти дека и одобрил помош на Романија во износ од 904,8 милиони евра. Според договорот кој го склучи земјата со фондот во 2009 година Букурешт ќе добие вкупно 13,46 милијарди евра за спас на домашната економија од последиците на рецесијата. Покрај ММФ помош на Романија ќе и дадат и Светската банка и ЕУ. За да го добијат заемот романските власти треба да спроведат мерки за кратење на државните трошоци.
XS
SM
MD
LG