Достапни линкови

Роберт Гејтс во посета на Кина


Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс денеска замина во посета на Кина со цел да ја зацврсти американско кинеската воена соработка, јавуваат агенциите. Се додава дека оваа посета е знак оти воените односи меѓу двете земји се на нагорна линија по прекинот пред една година кога Вашингтон донесе одлука да му продаде на Тајван оружје во вредност од шест милијарди долари. За време на посетата Гејтс ќе се сретне со кинескиот претседател Ху Џиантао кој за една недела треба да престојува во Вашингтон.
XS
SM
MD
LG