Достапни линкови

Клинтон на турнеја по Блискиот Исток


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска почнува петдневна турнеја на Блискиот Исток. Предвидено е таа да ги посети Обединетите Арапски Емирати, Оман и Катар каде што ќе побара од овие земји да ја зацврстат нивната соработка со ирачката влада. Исто така, се очекува Клинтон да разговара за начините за натамошен притисок врз Иран кој не ги спроведува резолуциите на Обединетите нации за запирање на контроверзната нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG