Достапни линкови

Ал Садр со поддршка за новата ирачка влада


Моктада Ал Садр

Моктада Ал Садр

Ирачкиот шиитски свештеник Моктада Ал Садр побара од неговите приврзаници да и дадат шанса на новата ирачка влада. Во неговото прво обраќање до јавноста по враќањето од скоро четиригодишниот доброволен егзил во Иран, Ал Садр додаде дека доколку таа влада не преземе ништо за подобрување на животот во земјата, тогаш имало политички начини како таа да се смени. Тој ги повика следбениците да им се спротивстават на странските сили, но не и со оружје како што тоа во минатото го правеше неговата Мехди милиција.
XS
SM
MD
LG