Достапни линкови

Дваесет години од првото повеќепартиско Собрание на Македонија


Собрание на Македонија

Собрание на Македонија

На денешен ден, пред 20 години беше одржана конститутивната седница на првото плурално Собрание на Македонија. Првиот македонски повеќепартиски Парламент, чиј претседател беше Стојан Андов, ја постави правната основа на самостојна Македонија, го распиша референдумот за независност, ги усвои Уставот, химната, знамето и ги избра првиот претседател на државата Киро Глигоров и првата Влада предводена од Никола Кљусев. На овој јубилеј ќе му биде посветена и првата пленарна седница на парламентот во оваа година што ќе се одржи в понеделник. На седницата се поканети да присуствуваат членовите на првиот парламентарен состав и на правата Влада на независна Македонија.
XS
SM
MD
LG