Достапни линкови

Чешка објави список на судии, поранешни комунисти


Чешкото министерство за правда вчера објaви имиња на судии и обвинители кои пред паѓањето на комунизмот биле членови на Комунистичката партија. Податоците објавени на сајтот на министерството укажуваат дека петина од активните судии и скоро третина од активните обвинители имале црвена книшка во времето на комунизмот. Во моментов во Чешка има над 3700 судии и 1270 обвинители. До објавувањето на имињата дојде откако во ноември лани Уставниот суд реши дека јавноста има право да знае такви податоци и оти со тоа не се крши законот за заштита на приватноста.
XS
SM
MD
LG