Достапни линкови

Вашингтон предупредува во врска со Викиликс


Американскиот Стејт департмент ги предупреди странските влади да не им се одмаздуваат на борците за човекови права и на другите лица чии врски со американски претставници се разоткриени во тајните дипломатски преписки што ги објави интернет страницата Викиликс. Портпаролот на Стејт департментот Филип Кроули изјави дека евентуалните такви акции негативно ќе влијаат врз односите на Соединетите држави со таквите влади. Според Кроули, досега биле идентификувани неколку стотици лица за кои се смета дека би можело да се најдат во ризик поради врските со американски претставници.
XS
SM
MD
LG