Достапни линкови

Обама го одобри воениот буџет, но бара затворање на Гвантанамо


Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс

Американскиот претседател Барак Обама го потпиша законот за воениот буџет во 2011 година, но ја повтори решеноста да биде затворен затворот во базата Гвантанамо на Куба и покрај одредбите во законот што го оневозможуваат тоа. Имено во законот се забранува изградба на нов затвор во Соединетите држави наместо оној на Гвантанамо. Ваквата одредба, според Обама, била без преседан. По неколку месеци преговори, двата дома на Конгресот во минатиот месец усовоија воениот буџет за оваа година да изнесува скоро 726 милијради долари. Средствата се однесуваат на буџетската година која во Соединетите држави почнува на 1 октомври.
XS
SM
MD
LG