Достапни линкови

Ал Фавзан: Бомбашите самоубијци му служат на ѓаволот


Шеикот Салех ал Фавзан, еден од најучените исламисти во Саудиска Арабија, изјави дека бомбашите самоибијци не му служат на Алах, како што велат, туку на ѓаволот. Ал Фавзан е член на Врховниот Совет на образованието во оваа земја.
Според весникот Ашхар ал Авсат, тој рекол и дека убиствата кои се декларираат како џихад се неправедни убиства. Џихад, вели Фавзан, може да прогласи само лидер на муслиманите. Тој го осуди нападот врз коптите во Египет.
XS
SM
MD
LG