Достапни линкови

Во недела референдум за независност на Јужен Судан


Јужен Судан

Јужен Судан

Околу 4,5 милиони жители на Јужен Судан в недела ќе гласаат на референдум за осамостојување. За референдумот во Јужен Судан се заинтересирани и меѓународната заедница, но и некои холивудски актери. Во Картум допатуваа американскиот сенатор Џон Кери, бившиот претседател Џими Картер, како и специјалниот пратеник на Белата Куќа, Скот Грејсон, а во градот Џуба е актерот Џорџ Клуни. Ако успее референдумот, Судан ќе биде поделен на два дела, на Јужен, претежно населен со африканско население, и Северен, со доминантно муслиманско и арапско население. Со мировната спогодба од 2005-та година беше окончана 21-но годишната војна меѓу северот и југот на земјата, во која загинаа околу 2 милиона луѓе.
XS
SM
MD
LG